Либански војници на штрек откако израелски трупи поставија бодликава жица на границата

Либанските војници се во состојба на подготвеност од понеделникот откако израелската армија постави бодликава жица долж границата, пренесеува „Асошиетед прес“.

Тензиите во регионот останаа високи две недели откако Израел почна операција за откривање и уништување на можни тунели на Хезболах. Инцидентот во понеделникот се случи на излезот од селото Мејс ал-Џабал кога израелските војници поставија 200 метри бодликава жица, пренесува либанската Национална новинска агенција.

Либанските војници протестираа бидејќи жицата беше ставена од нивната страна од границата, а видеото кое циркулира на социјалните мрежи покажува дека тие ги повикуваат мировниците на ОН да им кажат на израелските војници во близина да ја подместат жицата неколку метри назад зад сината линија што ја обележува границата меѓу двете земји.

Технички, двете земји се уште се во војна. Мировните сили на ОН во Либан (УНИФИЛ) објавија дека нивните војници се распоредени во областа за да ја смират ситуацијата. Израел соопшти дека открил четири тунели за напад на Хезболах, ископани од Либан.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари