Ле Пен: Американците кои ја гледаат Москва како закана се заостанати

Лидерката на францускиот десничарски Национален фронт Марин ле Пен изјавила дека американските политичари кои ја карактеризираат Москва како закана се заостанати и дека треба да прифатат дека Русија во 21 век е модерна и сигурна.

„Русија не е Советски сојуз. Тоа е голема земја“ рекла Ле Пен за „Франс 2“.

Таа нагласила дека е изненадена што некои политичари се заглавени во минатото, во Студената војна во која Русија мора да биде апсолутно зло, а Америка добро.

Како што додала, сето тоа делува назадно, пренесе „Блумберг“. Марин ле Пен отворено го поддржува рускиот претседател и нејзините врски со Москва со години се цел на критики на јавноста.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари