Кремљ: Воената состојба во Украина ќе создаде тензии

Кремљ денеска објави дека според нив воведувањето на воена состојба во Украина по инцидентот во теснецот Керч може да доведе до зголемување на тензиите во југоисточниот дел на Украина.

„Воведувањето на воена состојба во различни делови на земјата може да доведе до ескалација на тензиите во регионот на конфликтот на југоисточниот дел на Украина”, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесе Ројтерс.

По ситуацијата кај теснецот Керч, украинскиот Парламент го разгледа, а претседтелот Петро Порошенко го потпиша документот за воведување на воена состојба во Украина.

Воената состојба во земјата ќе трае 30 дена наместо претходно најавените 60 дена. Украинскиот претседател одлуката ја донел по консултациите со претставниците на политичките партии и со цел планираните претседателски избори во Украина непречено да се одржат во предвидениот рок. Втора цел, како што беше наведено, било спречувањето на шпекулациите дека воената состојба се воведува со цел да се одложат изборите.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари