Кинез вработен во „Хуавеј“ и експерт за кибернетика уапсени во Полска

Полските власти уапсија кинески работник на „Хуавеј“ и полски експерт за кибернетика под сомнение за шпионажа, објави денеска државната новинска агенција ПАП, со што се продлабочуваат контроверзите околу критиките на Западот на сметка на кинескиот телекомуникациски гигант.

Полската јавна телевизија ТВП вели дека безбедносните служби извршиле претрес во локалните канцеларии на „Хуавеј“, како и полските канцеларии на телекомуникациската компанија „Оринџ“. Претставниците на „Хуавеј“ и „Оринџ“ не биле достапни за коментар.

Во декември канадските власти ja уапсија Менг Ванжу, главната финансиски директорка на „Хуавеј“, на барање на САД, како дел од истрага за наводни прекршувања на американски трговски санкции.

Американските разузнавачки агенции сметаат дека „Хуавеј“ е поврзан со кинеската влада и дека неговата опрема може да содржи компоненти и програми кои му овозможуваат на Пекинг да дојде до низа заштитени податоци. За ова досега не е обелоденет ниту еден јавен доказ, а компанијата постојано ги негира ваквите наводи.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари