Ким дошол на состанокот седум минути пред Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун срдечно разговараа зад затворени врати цели 38 минути, пренесуваат светските медиуми. Според шангајските медиуми, Ким дошол на состанокот седум минути пред Трамп, за, како што се проценува, да му оддаде почит дека е повозрасен од него.

Во медиумите се анализира историската средба, дека би можела да донесе трајна промена на безбедното опкружување на североисточна Азија, како во случајот со посетата на некогашниот претседател на САД, Ричард Никсон на Кина во 1972 година, која довела до трансформација на Кина.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари