Киев: Бројот на жртви од вчерашниот руски напад се искачи на 26

1.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Киев: Бројот на жртви од вчерашниот руски напад се искачи на 26

Бројот на жртви е ревидиран откако „спасувачите извлекоа десет тела од под урнатините на станбена зграда во населбата Свјатошински, вклучувајќи го и телото на двегодишно дете, соопшти Министерството во порака на Телеграм.

Ноќта од среда кон четврток, Русија започна масовен комбиниран напад врз украинската престолнина со ракети и дронови. Поради бројот на жртви, во Киев за денеска е прогласен ден на жалост, објавија украинските медиуми. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата