Хегсет: Германија меѓу „сојузниците за пример“ за одбранбените трошоци

7.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хегсет: Германија меѓу „сојузниците за пример“ за одбранбените трошоци

Говорејќи на Националниот одбранбен форум Реган во американската држава Калифорнија, Хегсет го поздрави договорот на НАТО за значително зголемување на одбранбените трошоци, пренесе ДПА.

- Сојузниците за пример кои се активираат како Израел, Јужна Кореја, Полска, сè повеќе Германија, балтичките земји и другите ќе ја добијат нашата посебна наклоност, рече тој.

Тој додаде дека САД очекуваат слични придонеси од другите сојузници, а оние кои нема да ги исполнат своите обврски би можеле да се соочат со последици.

Договорот на НАТО од јуни, под влијание на војната на Русија против Украина и притисокот од американскиот претседател Доналд Трамп, поставува цел земјите-членки да трошат најмалку 3,5 отсто од нивниот бруто домашен производ (БДП) за одбрана, плус дополнителни 1,5 проценти за проекти поврзани со одбраната, како што е инфраструктурата.

До 2035 година, се очекува трошоците да достигнат пет отсто од БДП, што е највисоко ниво од Студената војна. Германија има за цел да ги зголеми своите одбранбени трошоци на 3,5 проценти од БДП до 2029 година. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата