Кениските имами се против фотографии без „Куфи“

Кениски имами протестираа против барањето на имиграциските службеници да ги тргнат религиските шешири „куфи“ за фотографијата за патните документи, се вели во Дејли Нејшн весникот во Кенија.

Ова беше наведено во писмото испратено од претседателот на советот на имами и свештени лица во Кенија (ЦИПК), Шеик Абдала Атека, до секторот за имиграција на Кенија, во кое тој вели дека барањето на службениците се коси со слободата на религија на муслиманите.

Весникот исто така додава и дека според правилата на секторот за имиграција објавени на нивната веб страна дозволено е луѓето да носат капи на фотографиите.

Имамите исто така изјавија и дека припадниците на други вери, како што се Сик, се третираат поразлично и не мораат да ги тргнат нивните турбани при сликањето.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари