„Хезболах си игра со оган, а либанскиот претседател одложува“, напиша Кац во објава на мрежата X откако Израелските одбранбени сили (ИДФ) потврдија дека синоќа извршиле напад во кој загинал висок функционер во елитната единица Радван на Хезболах, како и уште тројца членови на единицата на милитантното движење.
Кац нагласи дека обврската на либанската влада да го разоружа Хезболах и да го отстрани од јужен Либан мора да биде исполнета.
„Максималното спроведување (на таа обврска) ќе продолжи и ќе се продлабочи - нема да дозволиме закана за жителите на северот (од Израел)“, рече израелскиот министер за одбрана, според „Тајмс оф Израел“.

