Главниот осомничен кој што е на деветнаесетгодишна возраст, е уапсен во Терница, Австриец со македонско потекло, второто лице е седумнаесетгодишник и е уапсен во Виена.Полицијата трага по уште тројца осомничени.
Директорот за јавна безбедност Франц Руф, рече дека властите биле свесни за „подготвителни дејствија“ за можен напад и дека 19-годишниот осомничен „се фокусирал на концертите на Тејлор Свифт во Виена .
Раф рече дека 19-годишникот се заколнал на верност на терористичката група Исламска држава. Се верува дека австрискиот државјанин се радикализирал на интернет. Во неговиот стан била пронајдена сомнителна материја за која постои сомневање дека е експлозив и била дадена на тестирање.
Безбедносната ситуација околу планираниот напад на концертите на Тејлор Свифт во Виена беше многу сериозна и беше избегната трагедија, изјави австрискиот канцелар Карл Нехамер откако беа откажани три концерти на поп пејачката Тејлор Свифт.
Безбедносните служби потврдија дека е планиран напад на стадионот.
Нехамер на мрежата Х напиша дека благодарение на интензивната соработка на австриската полиција со странски служби, заканата била рано идентификувана и спречена е трагедија. Три концерти на Тејлор Свифт во Виена се откажани откако владата потврди дека бил планиран напад на стадионот, објави организаторот.
Свифт имаше закажани концерти на стадионот Ернст Хапел во Виена во четврток, петок и сабота.