Канада ќе прими над милион имигранти во наредните три години

Канадскиот парламент објави дека планира да прими уште еден милион нови постојани жители во наредните три години, што претставува еден процент од вкупното население во земјата.

Канада прими околу 286.000 нови жители во 2017 година, а се предвивува дека таа бројка годинава ќе стигне до 350.000.

Во 2020, истата се очекува да порасне до 360.000, а до 2021 година до 370.000 нови имигранти.

„Благодарение во голема мера на новодојденците што ги примивме низ годините, Канада се разви во силна и енергична земја во која сите уживаме“, рече Ахмед Хусен, канадскиот министер за имиграција, бегалци и државјанство.

Хусен, кој и самиот е имигрант од Сомалија, додаде дека со примање на нови имигранти ќе се компензира за се постарото население и падот на стапката на наталитет во земјата, како и дека и ќе се овозможи раст на работната сила.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари