Ја убил младата сопруга по 4 месеци брак, па отишол да украде пиво-осуден е на 40 години затвор

9.08.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ја убил младата сопруга по 4 месеци брак, па отишол да украде пиво-осуден е на 40 години затвор

Џаред Џејмс Дикус (23) е осуден на затворска казна откако минатата година на полицаец му признал дека ѝ ја отсекол главата на сопругата Енџи Дијаз (21) по само четири месеци брак.

Двајцата се венчаа во октомври 2022 година, но нивниот брак завршил во ужас, пишува Дејли Мејл.

На 11 јануари 2023 година, неговите родители повикале помош откако го пронашле осакатеното тело на снаата во малата барака во која живеел парот зад нивниот дом во Тексас.

Дијаз била пронајдена во локва крв до креветот, а полицајците откриле дека таа се здобила и со неколку убодни рани во грбот со кујнски нож. Нејзината глава била отсечена од телото, а полицајците ја нашле во бањата.

Неколку часа по бруталното убиство на жената, Дикус бил фатен од надзорната камера како краде пиво од продавницата во која работела неговата сопруга.

Неговите родители ѝ рекле на полицијата дека нивниот син дошол во нивната куќа и рекол нешто што ги поттикнало да ја проверат бараката.

Пријателите на Дијаз рекоа дека таа била имигрантка од Никарагва и работела на две работни места за да ѝ плаќа лекување на нејзината мајка дома, која боледувала од рак.

Само две недели пред убиството, Дијаз објавила фотографија со сопругот на Инстаграм и на сите им посакала среќен Божиќ.

„Среќен Божиќ на мојата прекрасна сопруга“, одговорил нејзиниот сопруг, нарекувајќи ја „трофеј“.

Инспекторите веруваат дека неколку часа пред убиството таа објавила фотографија од празничниот ручек.

Иако на социјалните мрежи изгледале како среќен пар, се чини дека ситуацијата не била таква зад затворени врати.

Полицијата повеќе пати била во нивниот дом поради пријави за семејно насилство.

Два месеци пред убиството, Дикус бил уапсен за друго дело и се заканувал на полицаец и на другиот затворски персонал.

Доколку ја отслужи целата казна, кога ќе излезе од затвор ќе има 63 години.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата