Италијанско село издало 58.000 казни за брзо возење за десет дена

Акветико, италијанско село со само 120 жители во близина на границата со Франција, долго време се соочува со брзо возење, но кога градоначалникот ги поставил привремените сообраќајни камери, откри дека проблемот е полош отколку што се мислело,  пренесува „Локал“.

Градоначалникот Алесандро Алесандри ги постави камерите по бранот поплаки за врзо возење од жителите кои се плашат да се движат низ селото. Камерите за брзо возење за две недели фатиле повеќе од  58.000 возила што возеле низ селото со брзина и од 135 км/час иако зоната на возење таму е 50 км/час.

Никој не знае дали е поставен рекорд, но Алесандри изјави дека не можел да им поверува на очите кога ги видел податоцитекои покажале дека секој трет возач го прекршува ограничувањето на брзината.

Поставени во близина на главниот пешачки премин на селото, камерите ги снимиле автомобилите со брзина поголема од 100 км/ч – двојно од дозволеното во селото со претежно постаро население. Податоците покажуваат дека 20-те најлоши прекршители поминале низ селото кон средината на денот по државниот автопат кој минува низ Акветико.

Алесандри рече дека проблемот е тоа што, и покрај трите главни патишта што го поврзуваат соседниот регион Пјемонте со северното крајбрежје на Италија, патот преку Акветико е најдобар за оние кои сакаат да избегнат лежечките полицајци, сообраќајните камери или патарините. Градоначалникот вели дека немаат друга опција освен да постават постојан надзор со сообраќајни камери.

„Се надеваме дека овие мерачи за брзина ќе бидат ефективан пречка за возачите и дека ќе им бидат од корист на граѓаните на Акветико зашто ние не сакаме да заработиме пари со парични казни туку камерите се неопходни за да се заштити безбедноста на луѓето”, рече тој.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари