Исчезнатиот хеликоптер во Јапонија се урнал, загинале најмалку две лица

Најмалку две лица го загубија животот, додека состојбата на шест други лица кои се пронајдени на местото каде што се урна хеликоптер за спасување, е сеуште непозната.

Во хеликоптерот имало вкупно девет лица, меѓутоа едно лице засега се води за исчезнато.

Меѓу лицата кои биле во хеликоптерот, се и претставници на Дирекцијата за управување со катастрофи и петмина пожарникари.

Претходно медиумите јавија дека хеликоптерот „бел 412 ЕП“ го напуштил хелидромот во Маебаши околу 9.15 часот по локално време и требало да се врати во 10.45 часот, но во меѓувреме изгубил контакт со контролата на летање.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари