Ирска вети дополнителни 125 милиони евра финансиска поддршка за Украина

2.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ирска вети дополнителни 125 милиони евра финансиска поддршка за Украина

- Дополнителни 100 милиони евра несмртоносна воена помош ќе бидат ставени на располагање за да ѝ помогнат на Украина да ги издржи неселективни ноќни напади од руски ракети и беспилотни летала. Ирска, исто така, ќе обезбеди 25 милиони евра за снабдување на Украина со енергија, со цел да се спротивстави на циничните и бездушни напади на Русија, истакна премиерот на Ирска, Мајкл Мартин пред средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој е во официјална посета на Даблин.

Тој додаде дека останува непоколеблива поддршката на Ирска за народот на Украина во одбраната на слободата и демократијата.

Предвидено е Мартин и Зеленски да потпишат договор наречен „Патна карта за партнерство Украина – Ирска до 2030 година“, што е надоградба на претходниот договор од септември 2024 година.

Договорот вклучува политичка и безбедносна соработка, како и иницијативи во областа на реконструкцијата, образованието и културата.

Зеленски, по средбата со ирската претседателка Кетрин Коноли, ќе има билатерална средба со премиерот Мартин, а потоаќе се обрати пред членовите на двата дома на ирскиот Парламент. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата