Хамас и Израел се согласија за прекин на огнот

Претставниците на палестинската група Хамас и Израел се согласија за примирје, објави агенцијата „Анадолија“.

Според дописникот на турската новинска агенција, кој се повикува на палестински извори, договорот бил постигнат преку посредникот на Египет, а примирјето стапило на сила синоќа нешто пред 23 часот.

Овој прекин на непријателството меѓу Израел и палестинската група е петти во период од два месеци, постигнат преку египетското посредништво.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари