Група дронови забележена во воздушниот простор на Романија како се движат кон Украина

27.09.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Група дронови забележена во воздушниот простор на Романија како се движат кон Украина

Предупредувачка порака RO-ALERT е испратена до жителите на округот Тулче, каде околу два часот по полноќ била забележана група дронови, пренесуваат локалните медиуми.

- Подрачјата кои Русија има намера да ги нападне се наоѓаат на територијата на Украина, но на мала оддалеченост од границата со Романија, така што постои можност одредени предмети, по одговор на украинската армија на напад, да паднат врз романска територија. Уште еднаш ги информираме луѓето во северниот округ Тулче, но и туристите, дека цели или области на територијата на Романија не биле мета, соопшти ИГСУ.

ИГСУ во порака до населението апелира на смиреност, а во случај да почнат да паѓаат предмети од воздушниот простор, на локалното население им се советува да се заштитат и да одат во засолништа.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата