Голем пожар кај Пиратите и гусарските бродови (ВИДЕО)

Избувнал пожар во забавниот парк Европа-Парк во Руст, Германија а дел од посетителите се евакуирани од делот во кој почнал да се шири огнот.

Чад излегувал високи во небото, поради што луѓето одлучиле да си заминат и од другите делови на паркот.

Огнот избил во делот каде се наоѓаат гусарските возила и атракцијата на Пиратите.

„Пожарот се проширил од големото складиште. Цел парк е евакуиран", реко, портпаролот на полицијата Рудигер Шауп. Според негови зборови, во моментот на избивање пожар во паркот имало околу 25 000 посетители.

За среќа, нема повредени.

Поврзани

Најнови вести

Коментари