Годишната стапка на инфлација во еврозоната во октомври се зголеми на два отсто

31.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Годишната стапка на инфлација во еврозоната во октомври се зголеми на два отсто

Во октомври цените на енергенсите се намалија за 4,6 отсто на годишно ниво, со побавно темпо од септември кога се намалија за 6,1 отсто. Спротивно на тоа, цените на услугите во еврозоната се зголемија за 3,9 отсто на годишно ниво, со исто темпо како и минатиот месец, а индустриските производи освен енергијата поскапеа за 0,5 отсто на годишно ниво, споредено со растот од 0,4 отсто во септември.

Цените на храната, алкохолот и тутунот во еврозоната во октомври се зголемија за 2,9 отсто на годишно ниво, што значи забрзаа во однос на септемврискиот годишен раст од 2,4 отсто. Годишната стапка на базичната инфлација во еврозоната во октомври изнесуваше 2,7 отсто, што е исто како и во септември. На месечно ниво, инфлацијата во еврозоната е зголемена за 0,3 отсто во однос на септември.

Во врска со четирите најголеми економии во еврозоната, годишната инфлација во Германија се зголемила во октомври од септемвриските 1,8 на 2,4 отсто, како и инфлацијата во Франција, од 1,4 отсто на 1,5 отсто, Италија, од 0,7 отсто на еден отсто и Шпанија, од 1,7 отсто на 1,8 отсто.

Еуростат ја мери инфлацијата со хармонизираниот индекс на потрошувачки цени, а резултатите од оваа методологија понекогаш се разликуваат од податоците објавени од земјите во еврозоната.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата