Главниот командант на руската морнарица тврди дека САД и ЕУ се подготвуваат за војна со Русија на Арктикот

9.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Главниот командант на руската морнарица тврди дека САД и ЕУ се подготвуваат за војна со Русија на Арктикот

Тој ги изнесе овие тврдења за време на презентација на Меѓународниот форум „Арктикот: сегашност и иднина“ во Санкт Петербург, истакнувајќи дека изјавите на западните лидери ги потврдуваат нивните „русофобни расположенија“, јави Тас.

Моисејев особено нагласи дека Финска и Шведска во последните две години се приклучиле на она што тој го нарекува „антируска хистерија“.

- Изјавите на американските и европските воено-политички лидери, кои се однесуваат на арктичкиот регион, ги потврдуваат нивните русофобни расположенија. Во последните две години, Финска и Шведска се приклучија на антируската хистерија. Главните политички изјави констатираат зголемување на темпото на милитаризација на Арктикот и подготовки за можен воен судир во регионот под изговор „одбрана од заканите од Русија и Кина“, рече Моисејев.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата