Германски производител на оружје урива рекорди: Има голема потреба од нашите производи

7.11.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Германски производител на оружје урива рекорди: Има голема потреба од нашите производи

Во периодот од јануари до септември, приходите на групацијата скокнале за 36 отсто, на 6,3 милијарди евра, достигнувајќи го највисокото ниво од основањето на компанијата. Оперативната добивка е зголемена за 72 отсто, на 705 милиони евра, објави Ројтерс.

Приходите во бизнисот со оружје и муниција скокнаа за 64,3 отсто на 1,55 милијарди евра, што е исто така највисоко ниво од основањето на Рајнметал.

Вредноста на новите традиционални и нарачки според новите договори со клиенти во вооружените сили и во цивилниот сектор се зголеми за 45 отсто, на 21,4 милијарди евра. Вредноста на нереализираните нарачки е зголемена за 41 отсто, на 51,9 милијарди евра.

„Нашите многубројни успешни нарачки покажуваат дека се потребни производите на Рајнметал. Нашето производство бележи невиден раст. Во многу земји склучивме договор за соработка за идниот бизнис и имаме проекти со добри изгледи за иднината“, нагласи извршниот директор Армин Папергер, издвојувајќи ги САД, Велика Британија, Италија и Украина.

„Подготвуваме големи нарачки кои ќе ни гарантираат раст на приходите во наредните години“, додаде Папергер.

Раководството на германскиот концерн очекува оваа година приходот за првпат да го достигне прагот од 10 милијарди евра.

Со очекуваниот раст на вредноста на нереализираните нарачки до крајот на годината на приближно 60 милијарди евра, групацијата се подготвува да го удвои својот годишен приход за само неколку години, на околу 20 милијарди евра.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата