Германците очајни, им недостасуваат работници - 1,24 милиони работни места, овие струки се бараат

Во Германија во третиот квартал оваа година со 1,24 милион отворени се работни места при што забележан е рекорден недостаток на работна сила, јавува институтот за истражување на пазарот на труд.

"Во споредба со истиот перид минатата година, бројот на непополнети работни места пораснал 140.000" , пишува во соопштение ИАБ кои делува во соработка со Сојузната агенција за вработување од Нирмберг.

"Најголем пораст на побарувачка е забележан на подрачје во преработувачката индустрија, како и побарувачка во секто за услужни дејности со преку 600.000 отворени работни места кои се сеуште најголеми", вели Александар Кубис од ИАБ.

Во градежништвото биле отворени 108.000 работни места, за сектор логистика (сообраќај и складишта) 87.000.

Најголем број отворени работни места се однесуваат на средна и виша стручна спрема (60,8 отсто) потоа за лица без квалификации (22) и на крај лица со факултетско образование (17 отсто)

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари