Георгеску потврди кандидатура за претседател, и покрај обвиненијата за екстремизам

26.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Георгеску потврди кандидатура за претседател, и покрај обвиненијата за екстремизам

Изјавата ја даде по петчасовно испрашување во Главното обвинителство, каде што беше пречекан од сопругата и стотици негови поддржувачи.

- Ова ме потсетува на комунистичкиот режим од 50-тите години. Но, ние продолжуваме. Народот е силата. Нема да клекнеме! Сигурно ќе се кандидирам! рече Георгеску, додека неговите поддржувачи аплаудираа.

Тој изјави дека „американските санкции ќе ја расчистат ситуацијата во Романија“ и дека „глобалната корупција ќе биде разоткриена“.

Георгеску, кој победи во анулираниот прв круг на минатогодишните претседателски избори, денеска беше обвинет за шест кривични дела, вклучувајќи активности против уставниот поредок и пропагирање екстремистички идеи.

Поради тоа, му е изречен 60-дневен судски надзор со забрана да ја напушти земјата и да објавува содржини со расистички, антисемитски или фашистички карактер на социјалните мрежи.

На прашањето дали ќе му биде дозволено да се кандидира, Георгеску одговори: Погледнете што се случува. Единствено што е важно е народот. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата