Француските полициски специјалци претепаа и навредија новинар на штрајкот на болничарите во Париз

Стотици француски болничари ги блокираа париската обиколница и автопатот А4 оваа недела со протестите поради владините планови за реформирање на финансирањето поврзано со медицинскиот транспорт, пренесува „Спутник“.

Француски новинар објави снимки од употребата на прекумерна сила од страна на француската специјална полиција при напад врз амбулантни возила што стоеле на автопатот поради протестите.

Откако видел дека новинарот го снима, еден од полицајците се стрчал кон него, го соборил и го удирал иако човекот залудно им кажувал дека се новинари и имаат прес-легитимации, и се обидел да ги запре. Видеото, кое не беше објавено во француските мејнстрим медиуми, е широко распространето на интернет, каде што дејствата  на полицискиот службеник предизвикаа остри критики.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари