Француската левица бара да се изгласа недоверба на Владата

Партиите од француската левица бараат да се изгласа недоверба на владата на францускиот претседател Емануел Макрон во време кога во земјата не стивнуваат протестите.

Агенцијата АП пренесува дека левичарските партии оставајќи ги настрана своите разлики ветуваат дека ќе поднесат барање до Долниот дом на француското Собрание во понеделник.

Агенцијата наведува дека доколку барањето биде усвоено, Собранието гласа за недовербата на Владата во рок од 48 часа од моментот на поднесување на барањето.

Француската левица нема доволно гласови за нејзиното барање да биде усвоено, но затоа се обидува да добие поддршка и од други опозициски партии.

Овој потег доѓа во време на силно слабеење на позициите на Макрон и неговата влада во текот на жестоки протести на жолтите елеци кои веќе три недели траат во Франција.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари