Франција не нашла никакви знаци за вмешаност на Русија во протестите

Француските разузнавачки служби не нашле никакви знаци за наводна вмешаност на Русија во ширењето на лажни информации поврзани со протестите што во моментот се случуваат во земјата, објавија локалните медиуми во неделата.

Според „Журнал ду диманш“, од крајот на неделава ниту францускиот Генерален директорат за надворешна безбедност (ДГСЕ), ниту Генералната дирекција за внатрешна безбедност (ДГСИ) не успеале да утврдат какви било факти кои докажуваат директна вмешаност на Русија во ширењето лажни вести или во гласините за заговор во рамките на движењето „Жолти елеци”.

„До денес, не утврдивме вмешаност на Русија во протестите, но ова не е конечна анализа”, изјавил извор од разузнаваќката заедница.

Францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ив ле Дриан, минатата недела рече дека Генералниот секретаријат за одбрана и национална безбедност (СГДСН) ја испитува наводната вмешаност на Русија во протестите во земјата. Како одговор на тоа, Кремљ истакна дека Русија ги смета протестите за внатрешен проблем на Франција и ги бнарече тврдењата за наводна вмешаност на Русија клевета.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари