Формирањето влада во Холандија западна во ќорсокак

12.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Формирањето влада во Холандија западна во ќорсокак

Речиси две недели по неочекуваната изборна победа на центристот Роб Јетен, посредникот смета дека 38-годишниот политичар треба да соработува со партија од десниот центар за да го трасира патот напред.

Многу расцепканиот политички пејзаж во Холандија доведе до тоа ниту една партија да не освои доволно места за апсолутно мнозинство во парламентот од 150 пратеници.

Јетен се залага за четирипартиска коалиција меѓу неговата партија Д66 (26 места), десноцентристичката ЦДА (18), десничарската ВВД (22) и левичарската алијанса Зелени/Лабуристи (20).

Таквата коалиција би имала удобно мнозинство од 86 места, но лидерот на ВВД категорично одбива да владее заедно со Зелените/Лабуристите.

ВВД, пак, сака десноцентристичка коалиција со ЦДА, Д66 и радикално десничарската партија JA21, која ги изненади сите освојувајќи девет места.

Меѓутоа, таа четирипартиска коалиција би имала само 75 места, што не претставува мнозинство. Покрај тоа, би го направила потенцијалниот премиер Јетен, најлевичарскиот лидер на својата влада.

Посредникот Вутер Колмес предложи Д66 и ЦДА, двете политички најблиски партии, да одржат средба за да постигнат договор.

Кога ќе се дефинираат контурите на потенцијалната владина политика, другите партии би можеле да им се придружат, изјави тој.

- Се чини дека постои широка поддршка за формирање коалиција која ќе ги вклучи барем ЦДА и Д66, двете големи победнички партии на овие избори, изјави Колмес.

Сите партии изрази желба брзо да се формира влада, но посредникот додаде дека е малку веројатно тоа да се случи пред Божиќ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата