36-тата епизода од серијата ерупции на Килауеа започна во недела наутро и траеше речиси пет часа, според Геолошкиот завод на САД.
Серијата ерупции започна на 23 декември 2024 година, објави ABC.
Ерупцијата е ограничена на Националниот парк Хавајски вулкани, а моментално е во сила портокалова тревога, што значи дека ерупцијата е веројатна или веќе е во тек, но без големи количини пепел, пренесе Euronews.
Во најновата ерупција, која се случи на 17 октомври, лавата достигна висина од 450 метри, додека големи количини вулкански материјал паднаа за време на таа епизода. Геолошкиот завод на САД процени дека тоа била највисоката единечна фонтана од лава што некогаш е видена.
Потенцијалните опасности вклучуваат високи нивоа на вулкански гас што се шират до 16 километри од отворот. Исто така, околу калдерата Килауеа се пријавени пукнатини на земјата и лизгање на земјиштето.

