Ердоган: Турција може да ги искорени остатоците од „Исламска држава“

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган изјави дека САД одлучиле да ги повлечат трупите од Сирија, откако тој го убедил американскиот претседател, Доналд Трамп дека Турција може да ги искорени остатоците од „Исламска држава“ од земјата со логистичка помош на Вашингтон.

Говорејќи на работен состанок во Истанбул, Ердоган рече дека Турција ќе работи на плановите да изведе операции за да ги елиминира ИД и сириските курдски екстремисти од регионот, пренесе „АП“.

Тој ја поздрави одлуката на Трамп за повлекување на трупите и го нарече тоа најјасна изјава од Вашингтон, за која оцени дека е охрабрувачка. Ердоган додаде дека Турција е сепак внимателна, повикувајќи се на негативните искуства од минатото.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари