Ердоган му рекол на Трамп дека го поздравува мировните напори, но за да успеат Израел мора да ги запре нападите

3.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ердоган му рекол на Трамп дека го поздравува мировните напори, но за да успеат Израел мора да ги запре нападите

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска телефонски разговарал со неговиот американски колега Доналд Трамп при што рекол дека Турција го поздравува обидот за постигнување мир во регионот, но додал дека Израел мора да ги запре нападите за напорите да бидат успешни, соопшти турското претседателство.

Во соопштението се вели дека Ердоган, во разговорот што го побарала американската страна, му кажал на Трамп дека Турција ќе продолжи да ги поддржува мировните иницијативи во регионот и ќе придонесе кон визијата на Трамп за глобален мир.

Се додава дека двајцата разговарале и за билатералните односи, при што Ердоган истакнал колку е важно да се преземат чекори за зајакнување на соработката, особено во одбранбената индустрија. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата