Елисејската палата продава сувенири

Елисејската палата денес ја започна продажбата на сувенири со претседателски мотиви, како што се чаши, пенкала и маици.

Едeн од предметите е постер со ликот на францускиот претседател Емануел Макрон, кој ја одобри акцијата, за цена од 9,9 евра.

Онлајн-продажбата на https://boutique.elysee.fr вклучува маици, часовници, тетратки, беџови и пенкала. Некои цени привлекуваат посебно внимание – сина маица со натпис „претседател“ на градите чини 55 евра.

Одлуката за продажба на сувенири со претседателски мотиви е донесена пред неколку месеци, а идејата е реализирана во време кога популарноста на Макрон е на ниво од 23 проценти.

Во овој момент не е познато дали Макроновите постери или чаши со неговиот лик ќе бидат позитивно прифатени кај гласачите.

Меѓу предметите што може да се купат во елисејската продавница се приврзок за клучеви со мотиви на француското знаме за 29 евра, шолја со ликот на Макрон за 24,9 евра и платнена торба за пазарување со натпис „Елисеј“ за 15 евра.

Најскапа е позлатената бразлетна со натпис по ваш избор – слобода, еднаквост или братство – која чини 250 евра.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари