Експерт за говор на тело ги откри сокриените пораки од историскиот состанок (ВИДЕО)

Сите зборуваат за историскиот состанок на лидерите на САД и Северна Кореја, а сега стигна и анализата на нивните говори на телото.

Од првиот заеднички момент и американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун настојувале да дадат впечаток дека еден доминира над другиот, вели експертката за говор на телото Карен Лонг за Ројтерс.

Додава дека обидот за преземање на контролата над состанокот посебно бил видлив во текот на првите 60 секунди од нивната средба.

-Нивното ракување беше ракување на рамноправни луѓе. Двајцата сакаат да покажат доминација поради тоа ракувањето е цврсто и одлучно, двајцата се алба мажи, а се чини дека Трамп беше прилично свесен за тој факт па почувствува потреба да покаже дека тој е водач, истакнува Лонг и појаснува дека баш американскиот претседател најмногу зборувал, а Ким слушал, а потоа три пати се свртел кон него додека оделе кон просторијата во која се состанале во четири очи.

Ким не даде да се поремети, па неколку пати го подудри по рамото Трамп, за да ја контролира тој ситуацијата.

Во следниот момент изгледаше дека Трамп повторно ја преземал иницијативата затоа што тој го внесе Ким во споменатата просторија, ставајќи му ги рацете на грбот.

Експертот за говор на телото истакнува дека двајцата челници едвај ја сокриле нервозата поради големата средба во која се вперени очите на целиот свет.

-Трамп киселкасто се смееше и секогаш нешто правеше со рацете, додека Ким се ја спушти главата и гледаше во под, вели таа.

Тие двајца се ракуваа и внимателно се насмеаја денеска кога прв пат се сретнаа на самитот во Сингапур.

-Мило ми е што ве гледам господине претседателе, кажа Ким широко насменувајќи се кога американскиот претседател му покажа кренат палец. Трамп кажа дека е сигурен дека нивниот однос ќе биде сјаен.

-Навистина се чувствувам одлично. Ова ќе биде одлична средба и мислам дека ќе има голем успех. Мислам дека ова ќе биде прав успех и дека нашиот однос ќе биде сјаен, во тоа не се сомневам, кажа Трамп.

-Мислам дека не гледа цел свет. Многу луѓе мислеа дека ова е научна фантастика, му кажа Ким на американскиот претседател.

Поврзани

Најнови вести

Коментари