ЕК побара од Велика Британија 2,7 милијарди евра за ненаплатени царини

Европската комисија и испрати на Велика Британија „образложено мислење” кое претставува втор чекор во постпката за кршење на правата на Европската Унија, бидејќи во буџетот на ЕУ, Британија не уплатила 2,7 милијарди евра за царини за увоз на кинески производи.

Комисијата повела и постапка против Велика Британија поради повреда на правата на ЕУ во март оваа година.

Постапката беше поведена откако Канцеларијата за спречување на измами на ЕУ покажала дека увозниците во Велика Британија избегнале да платат големи суми за царински давачки со користење на фиктивни фактури и несоодветна царински декларации.

Комисијата, исто така, покажа и голема измама во британските пристаништа поврзана со намалување на вредноста на стоки во периодот помеѓу 2011 и 2017 година. Увозните давачки спаѓаат во сопствените приходи на европскиот буџет.

Велика Британија сега има два месеци во кој треба да го плати износот утврден во европскиот буџет, во спротивно следува третиот чекор на повреда на правото на ЕУ – упатување на случајот до Судот на ЕУ.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари