Еден потег на Путин ги алармираше Америка и Израел

Рускиот претседател Владимир Путин разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за распоредувањето на рускиот антиракетен систем С-300 во Сирија.
Путин му кажа на Нетанјаху дека руските акции се насочени кон заштита на сопствената армија, се вели во соопштението на Кремљ.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му рекол на рускиот претседател Владимир Путин дека снабдување со "неодговорна играчка" како напредни системи за оружје ќе го зголеми ризикот во регионот, објави Ројтерс изјава од кабинетот на Нетанјаху. 

Се тврди дека во телефонскиот разговор спроведен кратко време откако Русија најави дека во рок од две недели ќе ја снабди Сирија со ракетен систем-воздух С-300, Нетанјаху, исто така, рече дека Израел ќе продолжи да ја заштитува својата безбедност и интереси.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека сириските вооружени сили ќе примат во рок од две недели модерен систем за ракетна одбрана С-300, способни за заштита од воздушен напад на повеќе од 250 километри, а во исто време да погоди неколку цели во воздухот.

Русија е принудена поради потезите на Израел да преземе соодветни мерки за да се подобри безбедноста на руската армија во Сирија, рече Шојгу, осврнувајќи се на падот на рускиот авион во Сирија за кој Москва ги обвини воздухопловните сили на Израел.

Оваа одлука на Русија, беше критикувана од САД, чиј советник за национална безбедност, Џон Болтон предупреди дека испораката на такво оружје е "значајна ескалација" на веќе високите тензии во регионот.

Тој рече дека се надева оти Русија ќе ја преиспита оваа одлука, објави Ројтерс.

Тој додаде дека американскиот државен секретар Мајк Помпео ќе разговара за ова со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, на годишната сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Вашингтон додаде дека американските сили ќе останат во Сирија додека Иран е во таа земја.

Поврзани

Најнови вести

Коментари