Две лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Русија

27.09.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Две лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Русија

Агенцијата на Државната противпожарна служба и цивилна заштита на регионот Архангелск соопшти дека хеликоптерот „Робинсон“, кој полетал од селото Бичие во областа Мезен, на пат кон Карандашевскаја во областа Приморски, исчезнал од радарот.

Во акција за пребарување и спасување остатоците од хеликоптерот се пронајдени на пет километри од Бичие.

„Спасувачките екипи на местото на несреќата ги извлекоа телата на две жртви. Во моментов се подготвува транспортот на починатите, а истрагата е во тек“, се вели во соопштението.

Одделот за истраги за сообраќај во Архангелск почна истрага за потенцијални прекршувања на безбедноста на воздушниот сообраќај и оперативните прописи.

Прелиминарните извештаи покажуваат дека планот за летот не бил доставен од Центарот за управување со летање и дека летот не бил одобрен од другите надлежни органи./МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата