Двајцата Руси уапсени во Холандија планирале хакерски напади

Двајца Руси, наводни шпиони, за кои се сомнева дека планирале да извршат компјутерски напад врз швајцарската лабораторија, која учествува во истрагата „Скрипал“, беа уапсени минатата пролет во Холандија и депортирани во Русија, соопштија денеска медиумите и официјалните извори.

Тие беа уапсени на почетокот од оваа година во Ден Хаг од страна на холандска воено-разузнавачка служба (МИВД), пишува холандскиот весник НРЦ, кој ја водеше истрагата, во соработка со швајцарскиот весник Tages-Anzeiger.

Според НРЦ, двајцата агенти на руската службапоседувале опрема со која би можеле да се влезат во ИТ-мрежата на лабораторијата на Спиез, Швајцарскиот институт за одвраќање нуклеарни, биолошки и хемиски закани и ризици.

Според НРЦ, двајцата шпиони се агенти на руската воена разузнавачка служба (ГРУ). Но, не станува збор за двајцата Руси осомничени дека извршиле напад со хемиско оружје во Салсбери и кои Лондон ги обвини дека припаѓаат на ГРУ, додава весникот.

Холандскиот премиер Марк Руте на 26 март одлучи да ги протера „двајцата руски разузнавачи кои работеле во руската амбасада”, како одговор на нападот во Салсбери. НРЦ не знае дали тие двајца планирале хакерски напад врз лабораторијата на Спиез.

На барање на АФП, холандското Министерство за одбрана не сакаше да ги коментира тие информации.

Ни Руската надворешна разузнавачка служба (СВР) не сакаше да коментира, објави агенцијата „Риа новости“.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари