Двајца туристи загинаа во Тајланд во несреќа со количка за голф

Двајца мажи загинаа откако нивните сопруги случајно ги удриле со количка за голф и ги турнале во блиската река на еден терен во Тајланд.

Двете јужнокорејски двојки, кои биле на одмор во северниот дел на Тајланд, се возеле на ферибот што пловел низ реката која поминува низ теренот за голф, кога количката на жените се судрила со онаа на мажите.

Од ударот сите четворица паднале во реката, но локални рибари ги спасиле жените. Телата на двајцата мажи, Сунг Јунгјонг (68) и Ха Јаеонг (76) биле пронајдени подоцна, на околу километар и половина оттаму.

Причината за нивната смрт најверојатно биле силните струи, поради кои тие не можеле да испливаат до брегот.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари