Двајца француски демонстранти добија неколку месечни казни затвор

Двајца француски демонстранти, на возраст од 19 и 22 години, денеска беа осудени на шест и осум месеци затвор, поради напад на полицијата за време на протестите.

Како што соопштија француските власти лицата за време на протестот на движењето „жолти елеци“ во саботата кон полицијата фрлале проектили и шишиња со киселина.

Двајцата демонстранти беа обвинети за кривично дело „насилство врз лицата задолжени од државните власти”, објавија француските медиуми.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари