Драма во Минхен поради Босанец и Украинец- извадиле пиштоли, се заканувале со рачна граната

3.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Драма во Минхен поради Босанец и Украинец- извадиле пиштоли, се заканувале со рачна граната

Неколку полициски единици итно интервенираа во населбата Богенхаузен откако неколку сведоци пријавија двајца мажи со оружје, додека еден од нив тврдел дека има рачна граната.

Сè се случило околу 17 часот кога вознемирените жители на Богенхаузен пријавиле дека две вооружени лица влегле во локална продавница, а дека еден од нив наводно имал рачна граната.

Се покажало дека еден од нив бил 46-годишен украински државјанин со живеалиште во Минхен, кој имал вербална пресметка со 34-годишен државјанин на Босна и Херцеговина пред продавницата, заканувајќи му се со рачна граната.

Потоа Босанецот го забележал пиштолот во појасот на Украинецот и му го одзел оружјето. Потоа избегал во продавницата и се заклучил во канцеларијата, додека 46-годишникот трчал по него. Помладиот маж се здобил со полесни повреди за време на инцидентот, пишува „Независне“.

Полицаец кој бил во продавницата приватно, успеал да го запре Украинецот пред да пристигне полицијата, која потоа го уапсила Босанецот. Запленетото оружје наводно бил пиштол за стартување. Рачна граната не е пронајдена.

Украинецот оставил и сомнителен куфер пред продавницата, кој го прегледале експерти за експлозиви, но ништо не е пронајдено. Поради ментална нестабилност, 46-годишниот Украинец е сместен во психијатриска установа. Против него се покренати истраги за закани, телесни повреди и прекршување на Законот за оружје. 34-годишник од Босна и Херцеговина е пријавен и за прекршување на Законот за оружје.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата