Авиокомпанијата потврди за „Скај њуз“ дека одлуката за слетување на аеродромот „Фјумичино“ во Рим е донесена како мерка на претпазливост, откако патникот го информирал екипажот дека во багажот има надворешен полнач за телефон.
Авионот EZY2618 полетал од Хургада, Египет, во вторник навечер и требало да слета на аеродромот „Лутон“ во Лондон во раните утрински часови во среда.
„Потоа капетанот донесе одлука за пренасочување на летот како мерка на претпазливост и во согласност со безбедносните прописи. Авионот слета безбедно, патниците се симнаа како и обично, а ние им обезбедивме хотелски смештај и оброци“, изјави портпарол на „Изиџет“.

