До Советот на Европа пристигнале 4 кандидатури за нов генерален секретар

До Советот на Европа досега пристигнале четири кандидатури за нов генерален секретар на советот. Изборот треба да се одржи во месец јуни, а меѓу кандидатурите се најдоа имињата на поранешната министерка за надворешни работи на Грција, Дора Бакојани и актуелната шефица на хрватската дипломатија, Марија Пејчиновиќ-Буриќ.

Според соопштението на организацијата од која се дел 47 држави, се наведува дека меѓу кандидатите е и белгискиот министер за надворешни работи, Дидие Реиндерс, како и поранешниот литвански министер за надворешни работи, Андриус Кубилиус.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари