Дете преживеа 40 минути под лавина во Франција

Момче на возраст од 12 години било пронајдено живо откако 40 минути било затрупано во снежна лавина на француските Алпи.

Дете, чиј идентитет не е објавен, било на скијање со своето семејство кога областа била погодена од лавина. Би-би-си, исто така, објави дека малолетникот застранил од безбеден пат.

По 40 минути откако го затрупала лавината, момчето го пронашле кучиња трагачи.

„Шансите за преживување по 15 минути под снег се минимални“, изјавил еден од спасувачите за АФП.

Момчето на крајот минало само со скршеница на ногата и било хоспитализирано во локална болница.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари