Данска резервираше дел од територијалните води за изградба на фарми со ветерници

Голем дел од данските територијални води се наменети за изградба на нови фарми со ветерници, пренесува „Локал“. Министерот за животна средина, Ларс Кристијан Лилехолт, резервира голема област во данските води за идните ветерни паркови во државна сопственост.

Одлуката следи неодамнешниот интерес на приватните компании за спроведување физибилити студии за изградба на фарми со ветерници во тие области.

„Пред да доделиме некои од нашите најдобри ветерни ресурси, сакам да се уверам дека имаме јасна претстава за тоа како ресурсите може да ни користат на сите. Го преземаме овој чекор за да се осигураме дека парите од значителните ресурси во данските води ќе им бидат од корист на Данците,” рече Лилхолт.

Тековните ниски цени на енергијата од ветер беа дел од причината за одлуката на владата да го преземе овој чекор, рече Лилехолт, додавајќи дека стратегијата за резервирање на потенцијално профитабилните територијални води е во согласност со идеологијата на владејачката Либерална партија (Венстре).

„Добро е либералната политика да се осигури дека Данска ги поседува ресурсите за ветер околу Данска. Има смисла парите да му бидат од корист на данското општество”, рече тој.

Министерот, исто така, направи паралела меѓу производството на енерија од ветерво Данска и нафтената индустрија во Северното Море од која Норвешка привлекува голем дел од своето богатство. Областите резервирани од владата се наоѓаат во Категат и во Северното Море.

Данските води се меѓу првите европски локации за ветерници поради малите длабочини на морето и ветровитоста. Сепак, резервирањето на површините не значи дека таму сигурно ќе се градат фарми со ветерници.

„Првиот чекор е направен со резервацијата. Следно е процес на проверка за да се најде најпогодна локација и да се постават фармите со ветерници “, рече Лилехолт.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари