Данска го изгласа "гето планот"

Составен од 22 иницијативи планот предвидува „интегрирање на гетата" во земјата, и во основа на терен се доживува како систематски напад на сите малцински и бегалски заедници.

Меѓу иницијативите има: уништување на станови за домување; двојни казни за одредени кривични дела во одредени области од земјата; построги правила за добивање социјална заштита; задолжителна градинка за децата да научат дански јазик; полесен пристап на општините до личните податоци на нивните жители и финансиски стимул за општините да постигнат повисоки нивоа на интеграција.

За потребите на планот данското Министерство за транспорт и домување класификуваше 27 запоставени области во земјата како „гето". Како критериуми за ова се користи потеклото на жителите, нивоата на образование, стапката на вработеност и стапката на криминал.

Жителите на областите засегнати со новата номенклатура главно не се согласуваат дека нивните населби се гета, и второ, претежно забелешка на мигрантите, тие објаснуваат дека овие места не се споредуваат колку се добри во споредба со местата во кои живееле.

Иако владата објаснува дека ништо од ова не се прави по етничка или религиозна основа, статистиките покажуваат дека сите 27 гета имаат над 50% жители од не-западно потекло.

„Она што владата сега сака да го каже е дека ако доаѓаш од Африка или Азија или Блискиот исток, ти не можеш да бидеш Данец," објаснува жител на еден од новоутврдените гета.

За спроведување на планот се одвоени 1,6 милијарда евра. Во парите ќе биде вклучено и рушење на државните станови и продажба на земјиштето на приватни инвеститори кои ќе можат таму да градат нови згради по што ќе имаат право да одбијат да му издадат стан на одредено лице.

Преземено од офф.нет.мк

Поврзани

Најнови вести

Коментари