Дали Трамп е добедојден во Москва?

Претседателот на Русија Владимир Путин рекол дека сите се добредојдени на Светското првенство во фудбал, вклучувајќи и високи гости од САД, соопштил на прес конференција за новинари потпаролот на Кремњ Димитриј Песков.

"Претседателот Путин зборуваше дека сите се добродојдени во Москва. Тоа секако се однесуваше и на гости од САД на највисоко ниво", одговрил Песков на прашањето дали и претседателот на САД Доналд Трамп е повикан во Москва на Мундијалот.

Како што навел, на свеченото отварање на Светското првенство ќе присуствуваат голем број на странски лидери ширум светот.

Во Русија од 14 јуни до 15 јули ќе се одржува Светското првенство во фудбал 2018.

Поврзани

Најнови вести

Коментари