Цели населби може да бидат збришани, предупредуваат властите откако ураганот Флоренс го погоди копното

Ураганот „Флоренс“ удри на источното крајбрежје на САД, при што дојде до прекинување на напојувањето со електрична енергија за половина милион домови, а сериозни материјални штети претрпеле и повеќе објекти, пренесува Би-би-си.

Средиштето на бурата ја погоди областа Врајтсвил бич во Северна Каролина, со веришта со брзина до 150 километри на час.

Дождовите и разбрануваното море веќе ги поплавија крајбрежните области. Десетици луѓе биле спасени од еден хотел пред уривање во Северна Каролина.

Властите издадоа предупредувања за евакуација за 1,7 милиони луѓе.

Гувернерот на Северна Каролина, Рој Купер, рече дека за преживувањето и пребродувањето ќе биде тест за издржливост, тимска работа, здрав разум и трпеливост.

Ова е непоканет терор кој нема едноставно нема да замине, изјави тој во петокот за американската телевизија Ен-би-си.

На прес-конференцијата подоцна истиот ден, тој додаде дека цели населби може да бидат збришани.

Брендон Локлир, прогнозер од Националната метеоролошка служба, рече дека во Северна Каролина најверојатно за два до три дена ќе наврне дожд како за осум месеци.

Во меѓувреме, илјадници милји подалеку, огромен тајфун се движи кон Филипините. Повеќе од пет милиони луѓе се наоѓаат на патеката на супер-тајфунот Мангхут, изјавија официјални претставници.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари