"Царигратската патријаршија нема да биде центар на православието..."

Царигратската патријаршија изгубила право да се вика центар за координација за сите православни цркви, изјавил претседателот на Оделот за надворешни црковни односи Московската патријаршија, митрополитот Иралион.

"Се наоѓаме пред нова црковна реалност: повеќе немаме единствен центар за кооринација во православната црква и мора да бидеме свесни за тоа. Царигратската патријаршија како таков центар се самоуништи" нагласил митрополитот Иларион во интервју за руски медиум.

Тој потсетил дека запериод од неколку децении Московската патријаршија и други помесни цркви учествувале во подготовка на Сеправославниот собор, нивните претставници и поглавари доаѓале на заседанија кое го организирала Царигратската патријаршија.

"Но со упад во канонските граници на друга помесна црква, легализирајќи раскол, таа изгуби право да се нарекува координационен центар за православната црква", истакнал митрополитот.

Одговарајќи на прашањето дали постои можност Царигратската патријаршија да отстапи од преземените чекори, митрополитот Иларион навел дека "можност за покајување секојпат има, иако логиката на наведените постапки не подразбираат чекори во спротивен правец.

"Ние се надеваме дека разумот ќе победи", заклучил тој.

Поради одлуката на Цариград да и одобри афтокефалност на неканонската црква во Украина, што Руската православна црква го нарече раскол, Синодот на РПЦ објавила прекин на на дијалог со Царигратската патријаршија. Одлука на Цариград да го повлече актор од 1689 госина за предавање на Киевската митрополија која е во надлежност на Московската патријаршија Синодот на Рускатаправославна црква го нарече ништожен а во неа виде и влијание на политика.
Прекинот на односите се однесува на канонската територијата на Руската православна црква, вклучувајќи ја и Украинската и Белоруската.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари