Британски медиуми: Нов удар за Тереза ​​Meј, пратениците изгласаа уште еден амандман

Британските пратеници и зададоа нов удар на премиерката Тереза ​​Меј, втор за два дена, во врска со владините планови за брегзит, пишуваат бритнаските медиуми.

Долниот дом на Парламентот со 308 гласа ‘за’ и 297 ‘против’ го усвои амандманот со кој се спречува владата да ги одложи клучните одлуки поврзани со напуштањето на ЕУ од страна на Британија.

Со амандманот се предвидува, да во случај Парламентот на гласањето на 15 јануари го отфрли договорот што го постигна Меј со ЕУ на напуштање на Унијата, владата мора да се врати во Парламентот со план Б во рок од три дена.

Вчера, Парламентот со 303 ‘за’ и 296 ‘против’, го изгласа и амандманот на законот за финансирање, со кои се отежнува излегувањето од ЕУ без договор. Амандманот забранува владата да троши средства за подготовките за брегзит без договор што парламентот не го одобри.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари