Според информациите од службата за брза помош, несреќата на станицата се случила околу 15 часот.
„Имаме неколку тешко повредени лица. Полицијата и спасувачките служби моментално работат на местото на несреќата“, изјави портпаролот на противпожарната служба Оскар Давила.
Полицијата потврди дека најмалку две лица загинале во несреќата, додека на некои други им е укажана медицинска помош на местото на несреќата, јавува шведскиот јавен сервис СВТ.
Според очевидци, неколку екипи на брза помош, противпожарна и полициска служба биле на местото на несреќата.
Сведоци изјавија дека областа околу несреќата била затворена за сообраќај, додека неколку автобуски линии привремено ги промениле своите рути.
Трансдев потврди дека нивниот автобус бил вклучен во несреќата и рече дека меѓу повредените има патници, но дека околностите на несреќата сè уште не се познати.
Stockholm Sweden as police confirm multiple people killed after a bus plowed into a bus stop .. pic.twitter.com/o8TRiFMq16
— Martha (@MGonigle) November 14, 2025
Полицијата започна истрага за причините и околностите на несреќата, која предизвика голем сообраќаен метеж во центарот на Стокхолм.
Инцидентот се истражува како случај на убиство од небрежност.
„Едно лице е уапсено и ќе се спроведе истрага“, изјави Надја Нортон, контакт за медиумите за регионот Стокхолм.
Според „Афтонбладет“, возачот на автобусот е уапсен.

