Автобус удрил во зграда во САД, повредени се неколку ученици и возачот

Во сообраќајна несреќа во САД, во која автобус удрил во зграда повредени се пет лица.

Имено како што соопшти полицијата најмалку четворица ученици од американскиот колеџ Принстон се поврдени во сообраќајната несреќа, која се случила за време на нивното патување на еден спортски натпревар.

Во несреќата покрај учениците повреден е и возачот на автобусот.

Автобусот удрил во зграда во американската држава Конектикат, а учениците биле однесени во болница поради претрпени помали и не многу сериозни повреди, исто како и возачот на автобусот, објави АП.

Причините за несреќата се непознати. Полицијата врши увид на местото на несреќата. Во автобусот најверојатно имало 36 студенти.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари